Животна лекција од Федерер за младиот Зверев (видео)

Роџер Федерер попладнево го претрпе првиот пораз во 2017 година, губејќи со 2-1 во рамките од Хопман купот. Сепак, овој меч нема да остане запаметен по конечниот резултат, туку по фантастичниот гест на швајцарскиот великан, кој му подели „животна лекција“ на младиот Зверев – дека во спортот фер-плејот мора да биде на прво место.

Се играше самата завршница од првиот сет, а секој поен беше многу важен кога Зверев сервираше, а линискиот судија викна аут. Меѓу сите во арената завладеа шок откако Федерер самиот кажа дека топчето ја допрело линијата и го советуваше Зверев да побара „челинџ“. Младиот тенисер беше зачуден, на крајот реши да го послуша поискусниот колега, а повторената снимка покажа дека Федерер бил во право.

Зверев остана без зборови, следеа аплаузи од трибините, како што заслужува најголемиот тенисер на сите времиња.

[youtube id=”O5KziYA2N-M” width=”640″ height=”380″]

Се вчитува...