Големата надеж на португалскиот фудал, Жoао Феликс пристигна во редовите на Атлетико Мадрид во 2019 година како огромно засилување кое требаше да го наследи Антоан Гризман, меѓутоа Португлаецот не ги исполни очекувањата.
Младиот играч постојано паѓа во втор план под водство на Диего Симеоне, меѓутоа маките на 21-годишникот се чини дека се пред крај. Имено, Португалецот следната сезона би можел да го носи дресот на Манчестер Сити, кој го посакува Феликс во своите редови како наследник на Бернардо Силва.
Силва не е задоволен од минутажата која ја добива во тимот на „граѓаните“ и бара да биде ставен на трансфер листата, а токму мадридскиот клуб се споменува како една од можностите. Доколку овој трансфер се реализира ќе станува збор за смена на играчи од кој и двата тима би се задоволиле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА