Жоао Кансело успешно опериран, ќе паузира еден месец

Италијанскиот првак Јувентус остана без португалскиот интернационалец Жоао Кансело. Тој замина на операција на менискусот и за него 2018 година е завршена на натпреварувачки план.

„Ќе се вратам посилен“, порача Кансело и доби пораки на поддршка од соиграчите и од фановите.

Португалецот се повреди на мечот против Јанг Бојс во Лигата на шампионите и лекарскиот тим на „старата дама“ процени дека најдобро ќе биде Кансело веднаш да биде опериран. Се очекува да се рехабилитира за околу еден месец.

Се вчитува...