Жоао Кансело во Реал Мадрид?

Жоао Кансело кариерата би можел да ја продолжи во Реал Мадрид, пишуваат шпанските медиуми. Португалскиот репрезентативец неочекувано бил понуден на Флорентино Перез откако стана јасно дека заврши неговиот престој во Манчестер и Минхен.

Реал Мадрид цели кон засилување на бековската позиција, а во 28-годишникот сега се гледа како идеално засилување со оглед на искуството кое го поседува. Сепак проблем останува неговата цена од 70 милиони евра која е преголема и за баварскиот гигант.

Како потсетување, Кансело неочекувано премина и во редовите на Баерн Минхен како позајмен играч откако влезе во расправа со Пеп Гвардиола. Шпанскиот стратег јавно стави дознаење дека нема да става поединец пред тимот па мала е веројатноста за минутажа на „Етихад“.

Се вчитува...