Жоао Педро со хет-трик за 10 минути во дебито на Алонсо

Чаби Алонсо имаше победничко деби на клупата на Челси откако лондонскиот клуб славеше со 6-4 на дуелот со Вестерн Сиднеј, прв натпревар на австралиската турнеја што го играат лондонските „сини“.

Мечот мина во знакот на Жоао Педро, кој постигна хет-трик во последните десет минути и му ја донесе победата на својот тим.

Саптаев, Есуго и Гитенс беа стрелци на првите три гола за Челси, а Вест Сиднеј секогаш возвраќаше, па преку Луал во 78. минута стигна и до предност од 3-4. Сепак, блесокот на Жоао Педро беше доволен за целосен пресврт, Бразилецот постигна погодоци во 80. во 85. и во 89. минута и му донесе победничко деби на новиот тренер.

Следна контрола за Челси на оваа австралиска турнеа ќе биде дуелот со Тотенхем закажан за 1 август.

Се вчитува...