„Жолтата подморница“ потона во Ливерпул (ВИДЕО)

Ливерпул славеше на домашен терен со 2-0 против Вилјареал во првиот натпревар од полуфиналниот двомеч во годинашното издание на Лигата на шампионите.

Иако во првото половреме домаќините доминираа и имаа голем број на обиди, сепак гостите од „Ел мадригал“ успеаја да одолеат на нападите. Џордан Хендерсон и Тиаго Алкантара ги погодија рамките на голот на Рули, а резултатот по 45 минути остана почетниот 0-0.

„Црвените“ до водство на стартот на вториот дел стигнаа на среќен начин. Капитенот Џордан Хендерсон во 53. минута центрираше од десната страна, топката ја допре Еступијан и несреќно заврши во голот на Гули. Само две минути подоцна Мане на „филигранско“ додавање на Салах ја удвои предноста на домаќините на 2-0.

Иако имаа уште неколку добри шанси избраниците на Јирген Клоп резултатот остана 2-0. Реваншот на „Ел мадригал“ во Вилјареал е закажан за 3. мај.

 

Се вчитува...