„Жолтата подморница“ со пенали ја „торпедираше старата дама“, Челси победи и во Лил (ВИДЕО)

Вилјареал е сензационален патник во четвртфиналето во Лигата на шампионите откако вечерва на „Алијанц арената“ во Торино го шокираше Јувентус со 0-2 во реваншот од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

Домаќините беа подобар противник во првото полувреме, но не успеаја да ги материјализираат неколкуте шанси кои ги имаа па на пауза се замина со почетниот резултат 0-0. Во вториот дел Јуве исто така ја имаше играта, но не успеа да го начне голот на Вилјареал, по што следеше казна во 78. минута кога Жерар Морено донесе водство за гостите од пенал од 0-1. На 0-2 зголеми Пау Торес во 83. минута, додека конечните 0-3 ги постави Данјумна од пенал во 91. минута.

Во вториот вечерашен натпревар Челси славеше и во вториот меч со Лил, овојпат со 1-2. Домаќините дојдоа до водство со голот на Бурак Јилмаз од пенал во 38. минута, а до крајот на првото полувреме Челси израмни преку Пулишиќ во судиското надополнување. Конечните 1-2 ги постави капитенот Цезар Аспиликуета во 71. минута.

 

 

 

 

Се вчитува...