Жорди Алба: Подобро ми е откако го нема Нејмар

Поголем дел од навивачите на Барселона се уште жалат за трансферот на Нејмар во ПСЖ, но левиот бек на каталонскиот тим, Жорди Алба вели дека нему му е полесно отако го нема Бразилецот во клубот.

Нејмар е врвен играч кој замина врз основа на своите чувства или околности. Има многу играчи кои можат да го надополнат и да направат добра работа, задоволен сум како играме. Да бидам искрен, сега имам повеќе простор и подобро ми е. Во овој случај играм со повеќе самодоверба и пријатно ми е, што се гледа и на терен. Уживам во она што го немав долго време“ – вели Алба во изјавата за „Мундо Депортиво“.

Жорди Алба моментно е втор асистент во Барселона со четири додавања претворени во гол. Шпанскиот лев бек минатата сезoна немаше премногу настапи, одигра само 26 натпревари, но со доаѓањето на новиот тренер, Ернесто Валверде, неговото место во стартните 11 е загарантирано.

Се вчитува...