Жорди Алба во Барселона до 2024 година

Барселона го официјализираше продолжувањето на договорот со Жорди Алба до 2024 година. Левиот бек, кој е продукт на „Ла Масија“, на „Камп Ноу“ се врати во 2012 година откако три сезони помина во Валенсија.

Ефектот од десет асистенции во тековната сезона беше доволен да ги убеди челниците на Барселона, да го продолжат договорот и за наредните пет сезони.

„Ова е емотивен ден, во клубот сум 20 години и се надевам дека ќе продолжиме со освојување на трофеи“ – изјави Алба.

Се вчитува...