Жорди Кројф е нов селектор на Еквадор

Жорди Кројф е нов селектор на фудбалската репрезентација на Еквадор. За 45-годишниот Холанѓанец ова е прв селекторски ангажаман, претходно работеше само во клубови.

Почна во Валета како тренер-играч, потоа го водеше Макаби Тел Авив, а последен ангажман му беше во кинескиот Чонгчинг Лифан. Дебито на клупата на Еквадор ќе го има на 26. март против селекцијата на Аргентина на почетокот од квалификациите за следното Светско првнество.

„Ќе направам се за репрезентацијата на еквадот да го искористи големиот потенцијал“ – изјави Кројф.

 

 

 

 

 

 

 

Се вчитува...