Жоржињо: Тешко е да се најдат зборови за ова што ни се случи

Фудбалската репрезентација на Македонија го шокираше фудбалскиот свет откако ја совлада Италија на гостински терен со 0-1 во првиот бараж натпревар за пласман на Светското првенство во Катар.

Фудбалерот на Челси, Жоржињо по натпреварот изјави дека не може да најде зборови за тоа што им се случи вечерва на „Енцо Барбера“.

„Тешко е да се објасни и да се најдат одговори за тоа што ни се случи вечерва. Боли толку многу, што е огромно жалење. Доминиравме на теренот, создадовме многу шанси, но на крајот поразот е реалност. Никој не е виновен. Играме добар фудбал, го освоивме Европско првенство, но во овие последни натпревари направивме грешки кои многу не чинеа“, изјави Жоржињо по натпреварот.

Се вчитува...