Жозе Мурињо – апсолутен победник на преодниот рок 2022/23

Клубовите од Серија А во летниот преоден рок потрошија нешто помалку од 750 милиони евра. Најскапиот трансфер го има Јувентус кој за ангажманот на Бремер издвои 41 милион евра, а „старата дама“ и најдобро заработи меѓу Италијаните со заминувањето на Де Лихт во Баерн Минхен за 67 милиони евра.

Но, доколку се бира победник во преодниот рок тоа со сигурност се Жозе Мурињо и неговата Рома. Португалскиот стратег потроши само 8.5 милиони eвра, а ги ангажираше: Паоло Дибала, Андреа Белоти, Џини Вајналдум, Зеки Челик, Немања Матиќ, Манди Камара и Миле Свилар.

Од осумте милиони, седум беа издвоени за турскиот десен бек кој Трансфермаркт го проценува на 18 милиони евра, а позајмицата на Камара ја чини „волчицата“ 1.5 милиони евра. Останатите играчи беа доведени на слободен трансфер, а пресудна беше соработката со поранешниот тренер на Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Се вчитува...