Жозе Мурињо даде „зелено светло“ за два трансфери

Почнува нова „ера“ за Реал Мадрид под палката на „Специјалниот“ Жозе Мурињо. Португалецот ќе има тешка мисија – да ја врати титулата во Ла Лига, а тука е и нов пехар во Лигата на шампионите.

Мурињо е растрчан по нови засилувања, а веќе две се договорени, а за нив Жозе Мурињо веќе дал зелено светло. Едниот од нив е Ибрахима Конате, кој треба да дојде од Ливерпул како слободен агент.

Вториот кој треба да пристигне е левиот бек на Интер и на холандската репрезентација Дензел Дамфрис. Според информациите, Холанѓанецот треба да пристигне за 20 милиони евра и треба да ја засили одбраната заедно со Конате.

Се вчитува...