Жозе Мурињо пикираше Србин за засилување во Реал Мадрид

Душан Влаховиќ е на радарот на Жозе Мурињо во Реал Мадрид откако српскиот напаѓач бара излез од Јувентус, а Мурињо го гледа како идеално засилување.

Доаѓањето на Жозе Мурињо на клупата на Реал Мадрид би можело да предизвика големи промени во соблекувалната на мадридскиот гигант, а една од темите што привлече посебно внимание во последните денови се однесува на Душан Влаховиќ.

Српскиот напаѓач долго време бара излез од својата ситуација во Јувентус, а сега неговото име се повеќе се поврзува со еден од најголемите клубови во светот.

Според шпанските медиуми, Мурињо во Влаховиќ гледа идеално засилување за нападот и играч кој би можел да донесе дополнителна конкуренција во тимот чија главна ѕвезда е Килијан Мбапе.

Се вчитува...