ЖРК Ѓорче Петров го доби противникот во 3. коло од ЕХФ купот

Женскиот ракометен шампион на Македонија, Ѓорче Петров за противник го доби белгискиот Еупен во 3. коло од новата сезона во третото по ранг европско натпреварување, ЕХФ купот.

Откако во минатото коло ѓорчепетровки со две убедливи победи го елиминираа црногорскиот Тиват, амбициите на „лавиците“ со право растат во ова натпреварување.

Првите мечеви од 2. коло ќе се играат на 11. и 12. ноември, додека реваншите се закажани за една недела подоцна.

Се вчитува...