ЖРК Ѓорче Петров со трофејот во Купот на Македонија

Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров се победнички во овогодинашниот Куп на Македонија, откако во финалето ја совладаа екипата на ЖРК Чаир со 36-24 (19-14).

Освен на стартот на мечот кога се играше во „егал“, избраничките на Симе Симовски потоа го презедоа водството, и рутински го одработија натпреварот. Најефикасна беше Анастасија Николоска која постигна седум голови, а Ризоска беше стрелец на шест. Кај Чаир Диневска постигна седум гола во финалето.

МВП признанието во Купот го презеде Марија Јанкуловска од ЖРК Ѓорче Петров, а наградата најдобар стрелец за Ленора Рахмани од ЖРК Чаир. Најдобра голманка беше Магдалена Којовиќ од ЖРК Чаир.

Се вчитува...