ЖРК Куманово исклучено од Супер-лигата

Новата ракометна сезона во женска конкуренција ќе стартува без ЖРК Куманово, откако поранешниот шампион и куп-освојувач не успеа да најде излез од големата финансиска криза.

Од „куќата на ракометот“ се бараше начин да се помогне за да биде избегнато најцрното сценарио, кое за жал денеска стана реалност со одлуката на РФМ овој тим да биде исклучен од натпреварувањето, а на негово место во Супер-лигата да се вклучи екипата на Деспина.

Ракометната Федерација на Македонија информира дека, согласно член 23 од Пропозициите за натпреварување во Супер женската ракометна лига, екипата на ЖРК Куманово се исклучува од натпреварувањето во Супер женската ракометна лига.

Согласно ранкингот од натпреварувачката сезона 2025/26, РК Деспина е нов член на Супер женската ракометна лига.

Ова следува по претходно донесената одлука на ЖРК Овче Поле СУ да продолжи да се натпреварува во Првата женска ракометна лига.

Се вчитува...