ЖРК Куманово повторно подобар од ЖРК Чаир, сигурни победи на Металург, Вардар, Шампион и Деспина

По двата триумфа во подготвителните дуели ЖРК Куманово славеш против ЖРК Чаир и во домашниот шампионат. Овој пат кумановчанки беа подобри на гостувањето кај скопскиот клуб со 25-34. Јована Кипријановска со девет гола беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека во тимот на Чаир по пет погодоци постигнаа Анастасија и Марија Николовски.

ЖРК Металург беше сигурен на гостувањето кај Овче Поле декласирај го со 24-44. Феномелна беше Марија Тасевска која која мечот го заврши со 12 погодоци кај победникот. Кај поразените Елена Вучевска со 8 гола беше единствената расположена.

РЕЗУЛТАТИ 3. КОЛО СУПЕРЛИГА РАКОМЕТ (ЖЕНИ)

ЖРК ЧАИР – ЖРК КУМАНОВО 25-34

ЖРК ОВЧЕ ПОЛЕ – ЖРК МЕТАЛУРГ 24-44

РК СПАРТАК – ЖРК ВАРДАР 27-33

ЖРК ШАМПИОН – РК КУЗМАН ВАРДАР 37-19

ЖРК ПЕЛИСТЕР – РК ДЕСПИНА 17-26

ЖРК ГЕВГЕЛИЈА – ЖРК ЃОРЧЕ ПЕТРОВ  26-20

Се вчитува...