ЖРК Куманово прв финалист во женскиот ракометен куп на Македонија

Ракометарките на Куманово се првите финалистки во Националниот куп на Македонија, откако во полуфиналето славеа над големиот ривал Металург со 27-23.

Првото полувреме мина во израмнета игра на двата тима, а кумановки на пауза заминаа со минимална предност од 13-12.

Во вторите 30 минути исто како и во лигашкиот натпревар Куманово беше подобар во клучните моменти и стигна до ново куп финале. Боризовска, Џакмич и Јанкуловска со по шест гола беа најефикасни во победничкиот табор, додека кај поразените Ива Божиновска заврши со седум.

ЖРК Куманово противникот во финалето ќе го дознаат по вториот полуфинален дуел во кој се среќаваат ЖРК Чаир и ЖРК Вардар.

Се вчитува...