ЖРК Куманово со стил до титула во Суперлигата

Ракометарките на Куманово со убедлив триумф над Вардар од 33-22 стигнаа до титула во женската супелига на Македонија. Кумановки уште од самиот старт го презедоа водството и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се понадева дека може да дојде до изненадување.

Јована Кипријановска со шест гола беше прво име во таборот на победникот, додека по пет постигнаа Мила Трајковиќ и Амела Џакмич. Кај поразените Ивона Трпевска заврши со седум гола.

Во останатите мечеви од денешната понуда Чаир – Пелистер 35-29, Кузман Вардар – Стружанка 18-40 и Металург – Ѓорче Петров 32-25.

Се вчитува...