Жута продолжува во норвешка Валеренга, Ибраими го напушти Кукс

Поранешниот македонски репрезентативец Леонард Жута го напушта Лече и се сели во редовите на норвешка Валеренга.

По Бобан Николов кој претходно најави нов клуб, и Жута се одлучи да замине од Лече. Според најавите, кариерата ќе ја продолжи во Валеренга.

Во нова средина кариерата ќе ја продолжи и Агим Ибраими кој и дефинитивно заминува од редовите на албанскиот Кукс. За услугите на Ибраими се заинтересирани неколку клубови од Албанија.

Се вчитува...