Зидан: Ајде да зборуваме за фудбалот и за нашата игра, не за судијата

Зинедин Зидан има причина да биде презадоволен од формата на Реал Мадрид, откако „кралевите“ по триумфот над Ливерпул во ЛШ синоќа го зедоа и скалпот на вечниот ривал Барселона.

Французинот им ја честиташе победата на своите фудбалери, одбивајќи да влезе во дебата со каталонците околу изданието на тренерот Манцано.

„Ова беше одличен натпревар. Исклучително тежок за нас, втор во кратко време, но одигравме извонредно и заслужено победивме. Апсолутно бевме подобри во првото полувреме, во вториот дел малку паднавме на физички план. Сепак, бевме многу поблиску до трет гол, со кој ќе си ја запечатевме победата, затоа велам дека овој триумф е целосно заслужен. Ајде да зборувааме за нашата игра, за она што го направивме на теренот, а не за судијата. Тој процени дека немало пенал, а тоа е негова работа. Ајде да зборуваме за фудбалот“, порача Зидан.

Се вчитува...