Зидан: Апсолутно не заслуживме пораз од Еспањол

Реал Мадрид доживеа нов непријатен пораз во Ла Лига, откако синоќа загуби од Еспањол со 1-0, со гол примен во 93.минута од средбата. Ова е секако неочекуван исход за „кралевите“, во пресрет на големата пресметка од реванш осминафиналето во ЛШ против ПСЖ.

Тренерот Зинедин Зидан вели дека неговиот тим според прикажаната игра не заслужил пораз на „Ел Прат“.

„Апсолутно не заслуживме пораз. Игравме многу добро во првиот дел, создадовме неколку шанси, но, за жал, не постигнавме гол. Во второто полувреме не бевме сјајни, но не заслуживме да примиме гол и да доживееме пораз во последната минута од судиското продолжение. Не го добивме тоа што го сакавме, но одиме понатаму, не очекуваат уште многу важно мечеви“, изјави Зидан.

Се вчитува...