Пет младинци со првиот тим – Зидан бара помош во Кастиља поради „болницата“ во Реал

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, покани пет играчи од Кастиља да го пополнат составот за денешниот натпревар против Валјадолид во Примера. Голем број на отсуства го принудија Зидан да покани играчи од вториот тим на Реал кој се натпреварува во третата лига на шпанскиот фудбал.

Така, Виктор Чуст, Антонио Бланко, Серхио Арибас, Уго Дуро и Мигел Гутиерез, се најдоа на списокот за овој натпревар. Овие млади играчи ќе имаат шанса заеднички да играат со првотимците на Реал, Лука Модриќ, Иско, Варан, Асенсио, Касемиро…

Реал Мадрид ќе домаќин на Валјадолид од 21 часот, а Зидан не може да смета на повредените Еден Азар, Серхио Рамос, Карим Бензема, Дани Карвахал, Марсело, Родриго, Едер Милитао, Алваро Одриозола и Феде Валверде.

Се вчитува...