Зидан бара засилувања во Лајпциг и Спортинг

Реал Мадрид настојува во зимскиот преоден рок да се засили. На мета на кралскиот клуб се неколку фудбалери од средината на теренот и одбраната. Еден од тие кои Зинедин Зидан сака да ги види на „Сантијаго Бернабеу“ е играчот за врска на Лајпциг, Кристофер Нкунку кого го гледаат како одлична замена за Лука Модриќ.

Покрај Нкунку, „кралевите“ се заинтересирани и за младиот фудбалер на Спортинг Лисабон, Нуно Мендеш. 18-годишниот бек се гледа како замена за Марсело кој има 32 години и се поблиску до заминување од клубот.

Овие двајца треба да стигнат во јануарскиот преоден рок, додека на лето се очекува вистинска „ренесанса“ во клубот и се поголеми се шпекулациите дека на „Сантијаго Бернабеу“ во пакет ќе стигнат, Килијан Мбапе, Ерлинг Халанд и Едуард Камавинга.

Се вчитува...