Зидан даде зелено светло, Реал Мадрид ќе го продаде „миленикот“ на Перез

Реал Мадрид нема да биде особено активен на пазарот оваа зима кога станува збор за шопинг, сепак заминувањето на некои играчи е друга работа. Шпански медиуми пренесуваат дека постои можност Марко Асенсио да го напушти Мадрид, а за него најмногу се заинтересирани Ливерпул, Манчестер Јунајтед, но и Јувентус.

По одличниот почеток на кариерата во Реал, Шпанецот се здоби со сериозна повреда по што не успеа да ги повтори игрите кои ја воодушевија фудбалската јавност.

Асенсио важи за еден од милениците на Флорентино Перез, Зинедин Зидан му даде можност да се врати во форма, но се повеќе се зборува за приватниот живот на 24-годишниот играч за врска, кој се чини дека влијае на прикажаното на теренот.

Шпанците тврдат дека „кралскиот клуб“ е подготвен да се откаже од него, но не за помалку од 70 милиони евра, што ги заинтересира англиските клубови, како и Јуве, кој го следи овој играч повеќе од една година.

Асенсио имаше доста пристојна минутажа од почетокот на сезоната, одигра 19 натпревари и забележа само една асистенција, иако во претходните сезони знаеше да биде „убиствен“ за противничките голмани.

Се вчитува...