Зидан: Доста е приказни, Роналдо останува во Реал!

Кристијано Роналдо изминативе месеци постојано беше во центарот на вниманието со приказните за негово заминување од Реал Мадрид.

Роналдо е обвинет и за затајување данок во Шпанија, па наводно тоа било и главната причина да побара заминување од Реал. Околу тоа се шпекулираше извесен период, но Португалецот не сакаше ниту да потврди, ниту да демантира…

Но, ете, сега тоа го направи тренерот на „кралскиот клуб“, Зинедин Зидан кој стави точка на таа приказна.

„Крај е. Доста е со приказни. Роналдо е еден од нас. Тој останува во Реал Мадрид, и тоа е тоа! Се уште е на одмор, затоа што го заслужи тоа. Го очекуваме да се приклучи на подготовките, и конечно посакувам да се прекине со пишувањето дека заминува од Реал“ – вели Зидан.

Се вчитува...