Зидан е класа од човек: Меси, остани во Барса, тоа е добро за сите…

Лионел Меси ќе ја предводи Барселона на утрешното дерби со Реал Мадрид, дуел што може да биде последно „Ел Класико“ во кариерата на Меси доколку тој реши да си замине од клубот на крајот од сезонава.

Зинедин Зидан како играч има настапувано против Меси на овие дерби-пресметки, има и бројни средби како тренер против Аргентинецот, но иако „ѕвездата на Барса“ е најтежок ривал за него, францускиот стратег сепак изрази надеж дека Меси ќе потпише нов договор со каталонскиот гигант.

„Не сакам ова да биде последно Ел Класико на Меси. Сакам тој да остане во Барселона, да биде среќен. За сите е добро тој да остане во Ла Лига. Нормално, знаеме колку квалитетен играч е, опасен и кога не постигнува голови. Сепак, Барса има премногу оружја и ќе мораме сите да ги неутрализираме ако сакаме да стигнеме до победата“, изјави Зидан.

Се вчитува...