Зидан го напушти Реал поради ситуација стара шест месеци

Зинедин Зидан се одлучи да го напушти Реал Мадрид поради ситуација стара повеќе од шест месеци.

Шпанските медиуми тврдат дека Зидан си заминал поради зборовите на претседателот на клубот Флорентино Перез. Наводно, Перез уште минатата есен им се доверил на медиумите дека Зидан ќе биде сменет ако не ја мине групата во Лигата на шампионите.

Зидан успеа да го одведе Реал до полуфиналето, каде беше запрен од Челси, но на крај мадридскиот клуб ја заврши сезоната без трофеј. Зидан си ја заврши работата до крајот, но не ги заборавил зборовите на Перез.

Се вчитува...