Зидан: Ја победивме Аталанта со помош на италијанското оружје – „катанаџо“

Фудбалскиот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, по победата над Аталанта изјави дека неговиот тим дојде до триумф најмногу благодарение на добрата игра во одбраната. Во реванш натпреварот Реал Мадрид ја победи Аталанта со 3-1, па со овој резултат „кралевите“ се пласираа во следната фаза од Лигата на шампиони.

Зидан по крајот на натпреварот имаше само пофални зборови за своите фудбалери, а особено комплименти испрати до играчите од дефанзивата.

„Тоа беше добра игра за двата тима, но ние игравме подобро во одбраната. Кога е така, тогаш тоа ни дава сигурност на теренот, и затоа другите играчи, во врската и нападот, играат уште подобро. Мислам дека играта беше на високо ниво од почеток до крај, но тоа е нешто што го очекувавме. Имавме добар учинок на првиот натпревар, но знаевме дека ќе ни биде многу тешко на реваншот. Сакавме пласман во следната рунда од Лигата на шампионите, и го постигнавме тоа, но во овој дел од натпреварувањето не можете да очекувате ниту лесни натпревари“, рече Зидан.

На новинарско прашање дали го гледа Реал како овогодинешен освојувач на Лигата на шампионите и Примера, Зидан рече дека е рано да се зборува за тоа.

„Во овој момент не можам да зборам на оваа тема. Желбата секако постои, но најважно е да се подготвуваме натпревар по натпревар затоа што ни претстои уште долг пат до крајот на сезоната“, заклучи Зидан.

Се вчитува...