Зидан: Јуве ми е во срцето, можеби ќе се вратам…

Зинедин Зидан му одржа тактичка лекција на Јирген Клоп во победата на Реал Мадрид над Ливерпул, а неполн час подоцна францускиот стратег „флертуваше“ со Јувентус околу евентуалното враќање во клубот каде мина прекрасни моменти како играч.

Речиси сигурно е дека Зидан на крајот од сезонава ќе си замине од Реал Мадрид, а во ситуација кога Јувентус се подготвува за разделба од Андреа Пирло патиштата на трофејниот стратег и „црно-белите“ од Торино би можеле повторно да се вкрстат.

„Дали ми недостига повеќе Италија или Дел Пјеро? И двете, Италија ми е во срцето, Јуве ми е во срцето. Минав пет прекраснси години во овој клуб, имам бројни убави спомени од тоа време. Можеби ќе се вратам, тоа не можам да го кажам сега. Денеска сум овде во Реал, во иднина… навистина не знам“, истакна Зидан.

Се вчитува...