Зидан: Ќе го бранам Бензема до смрт, јас верувам во него

Зинедин Зидан уште еднаш цврсто застана во одбрана на Карим Бензема, по најновите критики што пристигнаа на адреса на францускиот голгетер по очајното издание против Ал Џазира, во полуфиналето од клупскиот мундијал. Французинот промаши бројни шанси, од кои три пати го погодуваше дирекот, но Зидан уште еднаш ја потенцираше важноста на Бензема за играта на неговиот тим.

Сум рекол и еве сега уште еднаш ќе повторам, Бензема не е напаѓач од кого се очекуваат 60 голови во сезона, но тој е играч што врши многу други работи за нашата екипа и затоа е непроценлив. Сите го критикуваат поради шансите што ги промашува, но и тоа ќе мине, јас ќе го бранам Бензема до смрт, бидејќи верувам во него“ – изјави Зидан.

„Кралевите“ денеска ги очекува финалето од клупскиот мундијал, во кое за противник ќе ја имаат екипата на Гремио.

„Сите велеа дека сме одиграле лошо во првото полувреме против Ал Џазира затоа што губевме со 0-1. Не се согласувам, сметам дека беше многу чудно што не дадовме гол во тоа прво полувреме со оглед на шансите што ги создадовме. Како и да е, знаеме дека денеска задачата е посериозна, а ќе мораме да бидеме внимателни бидејќи Гремио исто така игра одлично на контранапади и ќе знае да ја казни секоја наша грешка“ – предупредува тренерот на Реал Мадрид.

Се вчитува...