Зидан ќе го одмори Кашемиро против Лас Палмас

Лидерот Реал Мадрид вечерва го пречекува Лас Палмас, а тренерот на „кралскиот клуб“, Зинедин Зидан, одлучи да го одмори играчот за врска, бразилскиот интернационалец Кашемиро. „Кралевите“ извлекоа триумф против Вилјареал иако имаа негатива од 2-0, и имаат еден бод предност пред Барселона на врвот на табелата во Примера и еден одигран меч помалку.

Герет Бејл, кој се пожали на мала повреда на дуелот на „Ел Мадригал“, е вклучен во составот и ќе му биде на располагање на Зидан.

Барселона во ова коло исто така игра на домашен терен, вечерва против Спортинг Хихон, додека Севилја утре го пречекува Атлетик Билбао.

  

Се вчитува...