Зидан: Кој вели дека Роналдо не е тимски играч

Зинедин Зидан не го криеше воодушевувањето од потегот на Кристијано Роналдо во финишот од дуелот со Алавес, кога по досудениот пенал Португалецот имаше шанса за хет-трик, но сепак му го препушти ударот од белата точка на Карим Бензема, кој се мачи со реализација на своите шанси во текот на целата сезона.

Презадоволен сум од гестот на Кристијано и односот кон Карим. Кој вели дека Роналдо не е тимски играч, ова е само уште еден доказ за спротивното. Тој е наш лидер, но се грижи за колективот. Мило ми е што и Бензема постигна гол, го заслужи тоа бидејќи одигра одличен натпревар“ – изјави Зидан.

Реал Мадрид со вчерашната победа има 51 бод и се зацврсти на третото место на табелата, но „кралевите“ се уште заостануваат огромни 14 бода зад лидерот Барселона.

Се вчитува...