Зидан: Му реков на Варан – главата горе!

Реал Мадрид е елиминиран на првиот чекор од нокаут фазата во Лигата на шампионите. Манчестер Сити и во реваншот на „Итихад“ беше подобар со 2-1, а двата гола беа кардинални грешки на дефанзивецот Рафаел Варан. Сепак, тренерот Зинедин Зидан го бодри својот фудбалер и вели дека е горд на остварувањата на тимот во оваа чудна сезона која беше и во привремен прекин поради коронавирусот.

„Горд сум на тимот. Оставивме се што можеме на теренот, одигравме храбро, се боревме до самиот крај. На Варан му реков дека мора да ја крене главата горе и да не чувствува вина. Тој е одличен фудбалер и играч на Реал Мадрид. Секако дека ни недостигаше капитенот Серхио Рамос, но таков е фудбалот, мора да играте со тие што го имате во моментот. Јас би задржал најмалку 95% од се што одигравме во оваа сезона. Беше спектакуларна“, изјави Зинедин Зидан.

Реал Мадрид го освои шампионскиот трофеј во Ла Лига, но брзо е елиминиран во Лигата на шампионите.

 

Се вчитува...