Зидан oд јули на клупата на Јувентус?

Зинедин Зидан се уште го чека идеалното место за нова дестинација во својата тренерска кариера. Откако замина од Реал Мадрид тој се поврзуваше со неколку европски гиганти, но и неколку репрезентации, а сега повторно е во игра за тренерското место во Јувентус, пренесува „TMW“.

Шпанскиот медиум открива дека работата е веќе завршена и тој од лето ќе седне на „жешкото столче“ во Торино и покрај договорот на Масимилијано Алегри до 2025 година.

Доколку дојде до потпис на договор тоа ќе биде само втор тим во тренерската кариера на Французинот кој со Реал Мадрид освои три титули во Лигата на Шампиони.

Се вчитува...