Зидан направи глупост, Столе доби шанса, Рајо загуби од Севилја (ВИДЕО)

Столе Димитриевски и неговиот Рајо Валјекано загубија на отворањето на новата сезона во Ла лига од Севилја со 3-0.

Репрезентативниот голман не беше прва опција на голот на својот тим, но по големата глупост на првиот голман Лука  Зидан кој направи глуп пенал, по кој доби директен црвен картон, нашиот голман застана меѓу стативите на голот на тимот од главниот град на Шпанија.

Прво Ел Несри го матираше се уште незагреаниот Столе од пенал, а потоа Ламела двапати го матираше Димитриевски.

Се вчитува...