Зидан: Не е лесно да се игра во Неапол, но Реал е актуелен европски првак

Реал Мадрид пристигна во Неапол каде утревечер го очекува реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите. „Кралевите“ имаат предност од 3-1 од првиот меч на „Сантијаго Бернабеу“, а тренерот Зинедин Зидан е уверен дека неговиот тим ќе успее да се пласира во четвртфиналето.

„Од деновите кога бев фудбалер во Италија знам дека воопшто не е лесно да се игра во Неапол. Фановите се фантастични и го поддржуваат домашниот тим, но Реал Мадрид е актуелен европски првак и е подготвен да одолее на таков предизвик. Наполи има одличен тим, свесни сме за квалитетите на составот на Маурицио Сари, но исто така знам дека и јас поседувам состав од кој им се тресат нозете на ривалите. Можеби ќе речете дека е и премногу самоуверено, но знам дека Реал Мадрид ќе биде патникот во четвртфиналето“, изјави Зинедин Зидан на прес – конференцијата во пресрет на утрешниот меч.

Се вчитува...