Реал Мадрид без поголеми проблеми ја победи Валенсија со 2:0, но по натпреварот Зинедин Зидан беше доста загрижен. По пауза од седум натпревари, Дани Карвахал се врати во тимот, но одличниот десен бек беше во игра само 25 минути. Тој повторно се повреди, па беше принуден порано да го напушти теренот.
Оваа сезона, сметајќи ги сите повреди надвор од теренот, тој паузираше 100 дена, а сега ќе има нова пауза. Дани сигурно ќе го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите против Аталанта.
“Не знам кои се причините за овие бројни повреди, загрижен сум. Жал ми е за Карвахал, тој играше добро. Дани е многу важен играч за нашиот тим. Не можам да ги објаснам сите овие повреди”, рече Зидан.
Претходно повредени играчи во Реал беа Серхио Рамос, Милитао, Одриозола, Еден Азар, Родриго, Валверде и Марсело.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА