Зидан не сака во Премиер-лига, чека преселба во Торино

Зинедин Зидан по три последовни титули во Лигата на шампионите, минатата пролет го напушти Реал Мадрид. Од тогаш постојано медиумите го поврзуваат со тренерските позиции во најголемите европски клубови.

Сепак, последните информации се дека Зидан чека трансфер во италијанскиот шампион Јувентус. Тој ги одбил богатите понуди од премиерлигашите Челси и Манчестер Јунајтед за да биде слободен кога Јуве ќе го отпушти Масимилијано Алегри. Зидан важи за голем миленик на управата на клубот во кој мина дел од играчката кариера.

Шпекулациите за Алегри велат дека по завршувањето на оваа сезона секако си заминува од Јувентус.

 

 

 

Се вчитува...