Зидан: Не трошам време говорејќи за следната сезона, не сум важен јас, важен е тимот

Битката во шпанското првенство ќе биде решена во последното коло, а Реал Мадрид покрај тоа што треба да слави на дуелот против Вилјареал треба и да се надева на кикс на градскиот ривал Атлетико кој е на врвот на табелата со два бода повеќе од „кралевите“.

На прес конференцијата пред утрешниот натпревар, тренерот на мадридскиот состав не сакаше да говори за својата иднина во клубот и јасно стави дознаење дека во овој момент важен е само тимот.

„Беше многу тешко, но дојдовме до последното коло со шанса да ја освоиме титулата. Знаеме против кого играме, Вилјареал е добар тим кој оствари добри резултати. Не очекува важен натпревар. Ќе видиме што ќе биде после тоа, но сега не треба да говориме за мене. Мислите дека ќе губам време да зборам за следната сезона? Во овој момент не сум важен јас, ниту било кој друг поединец. Важен е тимот. Саботниот натпревар е се што не интересира“, изјави Зинедин Зидан.

Се вчитува...