Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, нема да може да игра на првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Аталанта. 33-годишниот Французин не беше во тимот во саботата во победата од 1-0 на гостувањето кај Валјадолид поради повреда на мускулот, а од истата причина тој беше отсутен и на денешниот тренинг.
Искусниот фудбалер оваа сезона одигра 28 натпревари во сите натпреварувања, а постигна 17 погодоци и пет асистенции. Натпреварот во Бергамо, исто како и против Валјадолид, треба да го започнат Асенсио, Маријано и Винисиус.
Првиот дуел од осминафиналето помеѓу Аталанта и Реал Мадрид е закажан за 24 февруари во 21 часот.
REAL MADRID SIGUE SUFRIENDO LESIONES😖
Una lesión muscular en el aductor izquierdo tiene a Karim Benzema en duda para el duelo de #ChampionsxFOX contra Atalanta#CentralFOX pic.twitter.com/bBiq4F43Sl
— CENTRAL FOX MX (@CentralFOXMX) February 22, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА