Зидан почнува да се „тресе“, Покетино фаворит за нов тренер на Реал Мадрид

Зинедин Зидан донесе две европски круни на Реал Мадрид и важеше за миленик на тренерите и управата, но очајниот старт на сезоната на „кралскиот клуб“ ја смени оваа ситуација. Последните информации говорат дека Зизу веќе е далеку од „комфорна зона“ и евентуален нов неуспех би можел да го донесе на работ на амбисот. Според истите извори, Реал Мадрид веќе има и план за негов наследник – Маурицио Покетино.

Флорентино Перез го контактирал аргентинскиот стручњак уште при смената на Рафаел Бенитез, по што добил негативен одговор и му дал шанса на Зинедин Зидан. Доколку сега се случи Зизу да си замине од „Сантијаго Бернабеу“, прв ибор на Перез повторно ќе биде Покетино, кој во меѓувреме со тимот на Тотенхем се вмеша во самиот врв на англискиот фудбал. Со ангажманот на овој стручњак „кралевите“ воедно би си ги зголемиле и шансите во трката по Деле Али и Хари Кејн, двете англиски мегаѕвезди што Реал дефинитивно ќе се обиде да ги доведе во текот на летниот преоден рок.

Зидан не би требало да има тешка задача на следниот дуел на домашен терен против Лас Палмас, но вистинскиот тест „кралевите“ ќе го имаат наредниот викенд, кога на 11 октомври ќе му гостуваат на градскиот ривал Атлетико Мадрид.

Се вчитува...