Зидан: Роналдо во Реал Мадрид? – Во тоа има вистина, Кристијано е играч што секој клуб го посакува

Зинедин Зидан ги потврди големите шпекулации кои деновиве кружеа низ Европа и светот. Французинот кажа дека Кристијано Роналдо е играч што секој клуб и тренер го посакува, тој се потсети на убавите години поминати со Португалецот, па кажа дека КР7 е мотивација за секој менаџер.

Зидан одговараше на новинарски прашања во најавата за реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите, кој неговиот тим ќе го игра против Аталанта. Французинот одговори на прашањето – колку има вистина во гласините дека Кристијано Роналдо би можел да се врати во Реал Мадрид.

„Да, има вистина во тоа. Го познаваме Кристијано, знаеме каков човек е и свесни сме сè што направи тука. Сега е играч на Јувентус, му помага на тој клуб и мора да го почитуваме тоа. Ќе видиме што носи иднината. Имав среќа што бев негов тренер, тој е импресивен“, одговори Зидан.

Роналдо играше за Реал Мадрид од 2009 до 2018 година, кога замина во редовите на италијанскиот шампион, Јувентус. На 438 настапи за „кралевите“, тој постигна 450 погодоци, најмногу во историјата на Реал Мадрид.

Шпанските медиуми покренаа озбилна расправа за иднианта на Роналдо, а „Ел Чирингито“ го посвети целото свое шоу на дискутирање дали Роналдо треба да се врати во Реал. Жозеп Педрерол, новинар на „Ел Чирингито“, тврди дека Хорхе Мендеш веќе стапил во контакт со Реал и започнал да работи на овој трансфер. Веќе е познато дека Роналдо размислува да се врати во клубот со кој освои се што можеше да се освои и се изгради како најголем ривал на Лионел Меси, а неуспехот со Јувентус само дополнително го мотивираше да го направи овој потег.

Се вчитува...