Зидан и Реал Мадрид се насочуваат кон Де Хеа

Манчестер Јунајтед многу веројатно ќе треба да води нови битки за да го задржи Давид Де Хеа. Ова откако повратникот на тренерската позиција во Реал Мадрид, Зинедин Зидан кој е голем фан на шпанскиот голман, бил решен да го направи прва трансфер цел.

Претседателот на Реал,Флорентино Перез му ветил на Зидан огромна сума за засилувања, па Зидан сака да искористи дел од парите и Тибо Куртоа која е само една сеозна во клубот, да го замени со „единицата“ на Јунајтед.

Манчестер Јунајтед се обидува да постигне договор со Де Хеа за прдолжување на соработката, но сериозен проблем е платата. Шпанецот наводно очекувал да биде најплатениот играч во клубот.

Се вчитува...