Зидан се откажува од Бејл и од Модриќ

Францускиот стратег Зинедин Зидан по девет месеци се врати на чело на Реал Мадрид, подготвен за „ремонт“ во редовите на „кралскиот клуб“ во текот на летниот преоден рок. Трофејниот стручњак е подготвен да се откаже од неколку играчи со кои освои бројни пехари, а први на излезна врата се очекува да се најдат Герет Бејл и Лука Модриќ.

Одлуката за заминување на Бејл од тимот не е големо изненадување, како онаа за Модриќ. Хрватот и Зидан претходно, имаа одлична соработка, а Модриќ под водство на Зизу го изигра својот најдобар фудбал, освојувајќи ја и наградата за најдобар фудбалер во светот. Сепак, даденото ветување на управата минатото лето, дека во 2019 ќе му биде овозможено да ги промени клупските бои ќе придонесе Модриќ да си замине, а Зидан да бара нов плејмејкер за својот тим за наредната сезона.

Бејл ќе се врати назад во Премиер-лигата, Модриќ е најблиску до Интер, од овие два трансфери Реал ќе заработи над 100 милиони евра, кои ќе бидат „надополнување“ на сумата од 300 милиони евра за засилувања што наводно му била ветена на Зизу во преговорите за негово враќање на „Сантијаго Бернабеу“.

Се вчитува...