Зидан се врати и Реал повторно си победува

Францускиот стратег Зинедин Зидан се врати на „Сантијаго Бернабеу“ и Реал Мадрид повторно победува. „Кралскиот клуб“ ја совлада Селта со 2-0 и со 54 бода се доближи на само два бода негатива до градскиот ривал Атлетико Мадрид.

Иско Аларкон се врати во составот на Реал Мадрид и беше стрелец на водечкиот погодок во 62.минута. Герет Бејл во 77.минута ја потврди победата на „кралевите“.

Се вчитува...