Зидан: Сите ќе губиме бодови, но мора да продолжиме да се бориме

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е разочаран од ремито (1-1) со Елче во Ла Лига, но вели дека ништо не погрешил околу водењето на тимот на мечот.

Кралскиот клуб сега е втор на табелата со 31 бод, два помалку и еден натпревар повеќе од водечкиот Атлетико Мадрид.

„Секако, чувството не е добро, имавме шанси, но не ги искористивме. Потоа изедначија, целосно затворија и беше тешко. Не мислам дека влеговме во натпреварот со премногу самодоверба, знаевме какви се влоговите. Клучот беше во вториот гол што не го постигнавме, по 1-1 не успеавме да ги собориме, иако имавме можност “, рече Зидан.

Францускиот стручњак ја направи првата промена во 77. минута, воведувајќи го Азар наместо Лукас, минута подоцна Валверде го замени Крос, а во 86. минута влезе Винисиус наместо Асенсио.

„Кога тренер прави промени, мора да му биде јасно што сака. Не игравме лошо и затоа чекав до финишот, изгубивме два бода, но мора да продолжиме, наскоро не чекаат нови натпревари. Ла Лига е долга, сите ќе изгубиме бодови и мора да продолжиме да се бориме“, заклучи Зидан.

Во следното коло, Реал ќе се сретне со Селта од Виго, а овој натпревар е закажан на 2. јануари.

Се вчитува...