Зидан со нови проблеми пред „финалето“ во Ла Лига – Коронавирус во Реал!

Играчот за врска на Реал Мадрид, Тони Крос е позитивен на коронавирусот, откако беше во изолација од крајот на минатата недела. Германецот мораше да биде изолиран затоа што беше во контакт со заразено лице, а четири дена подоцна тој е позитивен на Ковид-19.

Ова значи дека Германецот дефинитивно ќе го пропушти решавачкиот натпревар од последното коло во Ла Лига против Вилјареал, а тоа е голем удар за Зинедин Зидан. Карвахал, Варан, Серхио Рамос, Менди, Лукас Васкез се надвор од составот, а сега и Крос дефинитивно отпадна од составот.

Реал има два бода помалку од Атлетико Мадрид, и ќе стане шампион доколку го победи Вилјареал, а тимот на Симеоне не триумфира против Валјадолид. Одлучувачките натпревари за титулата се на програмата во сабота од 18.00 часот.

Се вчитува...