Зидан: Тие што разбираат фудбал, знаат дека Бензема е одличен напаѓач

Реал Мадрид има очајна сезона во Шпанија, одамна ја загуби трката за шампионската титула со Барселона, но се уште има шанси да ја спаси годината со освојување на трофеј во Лигата на шампионите. Еден од оние фудбалери кои најмногу потфрлија во „кралскиот тим“ се чини дека е Карим Бензема. Но, тренерот Зинедин Зидан уште еднаш го зеде францускиот интернационалец во своја заштита.

„Не мислам на никого да му објаснувам. Сите што разбираат фудбал, знаат дека Бензема е одличен напаѓач. Тој една деценија е дел од Реал Мадрид и тоа повеќе од доволно говори за неговите квалитети. Формата можеби во моментов не е на негова страна, но тој секако ќе биде на потребното ниво кога на тимот ќе му биде најпотребен. Немам ништо против Герет Бејл. Медиумите секогаш знаат да скројат приказна кога некој фудбалер е на клупата, но моја задача е да го селектирам тимот и јас се обидувам да ги составам тие најдобри 11 на секој нареден меч. Сите сме ние Реал Мадрид, и секој наш член е подеднакво важен“, изјави Зинедин Зидан, во пресрет на денешното гостување кај Еибар.

Се вчитува...